Нов Гинисов рекорд во најбрзо туркање на возило (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Падна нов Гинисов рекорд во најбрзо туркање на возила на една милjа.

Истиот сега е во сопственост на Јуси Калиониеми. Овој 47 годишен фински државјанин на 24 октомври годинава туркајќи Saab 9-7X на патека во Финска го сруши тогаш актуелниот рекорд.

Една милја туркајќи го возилото ја помина за време од 13 минути и 26 секунди што е речиси за две минути подобро време од претходниот рекорд. Инаку ова возило е со тежина од 2.170 килограми, а опремено е со Nokian гуми, компанија која беше и покровител на овој настан.

Претходниот рекорд го поседува Хрватот Марио Млинариќ кој минал 1 милја за 15 минути и 21 секунда, а автомобилот бил тежок 1900 кг.

Калионеми верува дека неговиот успех се должи на сложениот мозаик од многу фактори. Финецот тврди дека не му била потребна само бруталната сила да го постави рекордот, туку редовните тренинзи, на кои бил научен правилно д аја распореди силата.

Јуци забележува дека постојат само два начина да се постигне потребната брзина – да се зголеми физичката сила или да се намали отпорот. Решението за вториот проблем биле гумите Nokia Hakkapeliti R3 СУВ со мала отпорност на тркалање, што значително ја олесни задачата.

За време на целото искуство, специјалистите ја следеа напнатоста во мускулите на новиот рекордер со помош на „паметниот“ костум Мионтес Ој со специјални сензори. Податоците од нив покажуваат дека Калионеми ги затегнал мускулите не повеќе од 40% од нивниот целосен капацитет, а пулсот му бил зголемен во моментите на врвно оптоварување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK