Се продава Lamborghini Gallardo off-road

ОБЈАВЕНО НА:

Невообичаена офф-роуд изведба од Lamborghini Gallardo се најде на продажба во Холандија. Станува збор за автомобил произведен во 2004 година кој е значително модификуван.

Она што се забележува на прв поглед е значително подигнатата висина однсно оваа изведба има зголемен клиренс, а во очи паѓа и резервната гума која се наоѓа на надворешната задна страна. Каросеријата е во мат боја додека внатрешноста во црна боја. На прендиот дел од браникот се наоѓаат две магленки.

Во однос на моторот, располага со V10 мотор кој развива 493 КС.

Lamborghini Gallardo off-road

Овој автомобил досега има поминато само 43.619 километри, а сопственикот за почетна цена наведе износ во висина од 115 илјади евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK