Првиот целосно електричен Ferrari доаѓа во 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот целосно електричен Ferrari автомобил ќе биде претставен во текот на 2025 година. Оваа информација ја објави Џон Елкан за време на годишното обраќање пред новинарите.

“Може да бидете сигурни дека ова ќе биде нешто што го сонувате дека инжинерите и дизајнерите во Маранело го можат” изјави Елкан кој е член на фамилијата Ањели, најголемиот поединечен акционер во Stellantis. Елкан додаде и дека овој електричен автомобил ќе биде пресвртница во историјата на италијанскиот бренд.

Засега нема никакви информации околу првиот електричен автомобил на Ferrari. Се шпекулира дека архиектонски би се темелел на моделот Roma, а дека технологијата во голем дел ќе биде позајмена од Maserati MC20.

Пред две години Ferrari го претстави хибридниот модел Roma, а во моментов работи и на првиот кросовер кој ќе го носи називот Purosangue кој би требало да дебитира во текот на следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK