Први снимки и детали за најбрзиот кросовер во светот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Дизајнерите ветуваат дека ова ќе биде најбрзиот кросовер во светот. Од распространетите фотографии и видео снимки на интернет може да се види дека Listеr Stеаlth e бaзирaн нa кросоверот Jаguаr F-Pасе, притоа на неговата најпозната верзија SVR.

Тјунинг специјалистите од Велика Британија ја зголемиле моќноста на 5.0-литарски компресорски V8 мотор до 666 коњски сили. Очекувањата се Listеr Stеаlth да успее да забрза до 100 за околу 3,5 секунди, а максималната брзина ќе биде 320 км/ч.

За потсетување, досега најбрзиот кросовер е Lаmbоrhini Urus, со максимална брзина од 305 км/ч.

Судејќи според достапните информации и фотографии, новиот најбрз кросовер Jаguаr ќе добие јаглероден и целосно јаглеродно тело.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK