Tesla во јуни би можел да почне масовно производство на електричен автомобил со почена цена од околу 35.000 долари. Планот е да се произведуваат 5.000 возила неделно, а во 2018 година истото да се искачи на 10.000 возила неделно.
Додека почне производството треба прво да се одреди и конечната верзија на Model 3, популарното електрично возило. Сопственикот на Tesla, Елон Муск во петокот преку твитер им дозираше на љубопитните информација како би можел да изгледа моделот, и тоа преку видео информација во траење од неколку секунди.
На тоа видео се гледа како Model 3 забрзува и сопира, но според Муск тоа е само прототип што е произведен за да се тестира самиот процес на производство, но дека веројатно е конечниот изглед на автомобилот.
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/06/viber.png)
Следете не и на:
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/04/facebook-1.png)
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/04/instagram-1.png)
[Fancy_Facebook_Comments]