Премиера пред премиерата – новата генерација на Toyota Mirai се појави на интернет

ОБЈАВЕНО НА:

Еден месец пред најавената премиера на интернет се појавија фотографии и видео од новата, втора генерација на моделот Toyota Mirai.

Премиерата доаѓа една година по премиерата на првичниот концепт, а судејќи според изгледот тој е идентичен како и концептот односно без големи отстапки.

Она што е објавено, но не и официјално потврено е дека должината на овој автомобил изнесува 4.975 мм, ширината 1.885 мм додека пак висината 1.470 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.920 мм додека вкупната тежина 1.930 кг.

Максималанта брзина изнесува која може да ја постигне изнесува 175 км/ч, благодарение на 155-те КС, а неофицијално, автономијата со едно полнење изнесува 850 км.

Toyota следниот месец сепак ќе ја одржи премиерата, а на верзијата наменета за САД тоа ќе го направи кон крајот на декември преку Facebook.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK