Само едно возило со емисија на CO2 рамна на нула (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Агенцијата JATO Dynamics која се занимава со аналитика публикуваше интересни податоци за 2017 година и направи класифицирање на 50-те најпродавани возила низ Европа врз база на средните вредности на емисија на CO2.

Без изненадување на врвот се најде производителот на автомобили од САД, Tesla со показател од 0 грама CO2 на километар.

Класифицикацијатра е направена во четири различни групи. Автомобилите се поделени во групи од 90 до 110 грама на километар, од 110 до 130, од 130 до 160 и над 160 грама CO2 на километар.

Во прват од горните групи и втора по пазарен дел со 22 проценти учество влегуваат шест автомобилски марки, а со најдобар резултат е производителот на субкомпактни автомобили Smart со 90,3 грама CO2 на километар.

Кај масовние производители на првото место е Toyota со 101,2 грама CO2 на километар, а со мала разлика понатаму следуваат Peugeot (104.5 грама), DS (105 грама), Citroen (105.5 грама) и Renault (106.6 грама).

Во најмасовната група реализацијата со 73 проценти од пазарот на нови возила во Европа влегуваат 22 марки, а со показатели од 130 до 160 грама CO2 на километар влегуваат уште осум марки.

Најзагадувачките возила за околината од рангираните 50 со над 160 грама CO2 на километар, се главно суперспортски и луксузни автомобили. Тука со најмала загаденост е Lada, додека на последната 50-та позиција е легендата Rolls-Royce сo показател оd 329.8 грама CO2 на километaр, што е нешто повеќе од она на Lamborghini со 321 грам.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK