Преку Германија ќе се освојува Европа: Кинези ќе ја враќаат славата на Borgward

ОБЈАВЕНО НА:

Од популарен производител во 50-те години па се до заборавот и повторно назад, Borgward на голема врата се враќа на автомобилската сцена.

Многумина воопшто и не слушнале за овој производител, но се до 60-те години од минатиот век имал голема улога во германската автомобилска индустрија. Историјата кажува дека оваа компанија е основана во далечната 1905 година од страна на Карл Боргвард. Овој инжинер и индустријалец во населеното место Фарел во близина на германскиот град Бремен во 1905 година создава работилница која потоа прераснува во фабрика за автомобили.

Hansa 1500 и Isabella се најпознатите модели на овој производител кој поради финансиските проблеми со кој се соочува во втората половина на 50те години престанува да постои во 1961 година, само две години пред смртта на основачот.

Сега по нешто повеќе од 55 години благодарение на кинеската компанија Foton Motor овој производител започнува со својата експанзија во Европа откако претходно го покри пазарот во Германија и Кина.

Како што соопштија британските медиуми од следната година моделите BX5 и BX7 започнуваат со продажба во дилерските салони во Велика Британија и Република Ирска, а во меѓувреме се рабти на креирање на дилерската мрежа низ Европа.

Borgward е само еден од производителите преку кои кинезите ќе го освојуваат “Стариот континет” откако претходно беше најавено доаѓањето на неколку кинески брендови на европскиот пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK