Alfa Romeo стана високо профитабилен бренд

ОБЈАВЕНО НА:

Alfa Romeo имаше многу успешна 2022 година, продолжувајќи да ги подобрува своите оперативни резултати и етаблирајќи се како високо профитабилен бренд, придонесувајќи за силните перформанси на Stellantis. Новиот модел Tonale ја потврди успешната линија на Alfa Romeo и високиот стандард за квалитет на новите автомобили, освојувајќи 8 престижни меѓународни награди и стана ѕвезда на годината.

Во 2022 година Алфа Ромео имаше зголемени регистрации н анови возила за 22%. Ова резултира со значително зголемување на пазарниот удел за разлика од резултатите на целиот пазар во овој регион, кои бележат намалување од 11% во однос на 2021 година.

Во многу земји, регистрациите ги надминаа оние од претходната година – растот беше 101% во Франција, 27% во Италија, 22% во Германија, 28% во Шпанија, 84% во Холандија, 85% во Австрија, 163% во Грција, 174% во Португалија.

На глобално ниво, резултатите покажуваат стабилност. Извонредните перформанси на Турција се издвојуваат како најбрзо растечки пазар со волумени четирикратно зголемени во споредба со 2021 година. Во Азија, моделот Stelvio забележа најзабележителен напредок со зголемување на регистрациите за 25%.

Минатата 2022 година ќе биде запаметена по лансирањето на првиот електрифициран теренец од марката Tonale. Тоа го означи почетокот на метаморфозата на Alfa Romeo и претставува пресвртница во стратегијата „од нула до нула“. Тоа ќе го направи италијанскиот премиум бренд најбрзиот производител кој ќе направи транзиција кон нула емисии.

Сите стратегии на Alfa Romeo се водени од принципот на квалитет без никакви компромиси. Индикативен е резултатот од студијата на организацијата за истражување на потрошувачи JD Power во САД во однос на индексот на задоволство на клиентите при купување на нов автомобил, што ја рангираше Alfa Romeo на прво место меѓу сите автомобилски марки.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK