Ова ретко го има: Шефовите на VW слушнаа лично од Илон Маск зошто Tesla e поразлична од другите

ОБЈАВЕНО НА:

Германски Volkswagen веќе сериозно работи на трансформацијата и забрзано ја поддржува електрификацијата. Но, сепак се уште се зад Tesla, иако полека но сигурно фаќаат чекор со американската компанија. На изненадување на над 200 директори на Volkswagen кои присуствуваа на годишен состанок, на видео повик имаа можност да го слушнат Илон Маск и секако да го прашаат нешто.

Претседателот на управниот одбор на VW AG – Херберт Дис лично го повика Илон Маск, кој со задоволство одговори и проговори пред присутните. Дис и Маск се пријатели од порано, и сегашниот Главен извршен директор на германската компанија имаше понуда да биде главен во Tesla.

Маск беше запрашан како Tesla работи толку брзо и многу подобро од другите брендови. Шефот на Tesla, пак, рече дека ова е едноставно стил на управување. Тој додаде дека главно е инженер, но освен автомобили, се грижи за синџирите на снабдување, логистиката и производствениот процес.

За да покаже колку се добри и подобро се справуваат, Дис кажал дека за само неколку недели Tesla направиле софтвер кој им дозволува да преминат од еден микрочип на друг за да се спаси нето во време на проблеми со недостатокот на полупроводници.

Разбирлива главна тема на разговор било како VW треба побрзо да се адаптира од преминување кон електричните автомобили и да се бори со фабриката на Tesla во Германија што наскоро ќе почне да работи.

Шефот на VW предупреди дека компанијата може да затвори до 30.000 работни места како трансформацијата кон електрични возила се одвива многу полека.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK