Од Нова година поскапуваат јапонските автомобили ширум светот?

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонските производители на автомобили размислуваат да ги зголемат цените на автомобилите следната година, пишува Japan Times. Според истражувањето спроведено од изданието, 23% од 80 водечки јапонски компании, вклучувајќи ги Toyota, Honda и Subary, ќе ја преиспитаат својата ценовна политика. Уште 49% од испитаниците изјавиле дека размислуваат за таков чекор, но се уште не донеле конечна одлука.

Испитаниците наведоа неколку причини зошто би морале да ги зголемат цените. Главните се поскапувањето на материјалите и суровините, поскапувањето на логистиката, како и локален проблем – падот на курсот на јенот во однос на другите светски валути. Националната валута на Јапонија постепено се намалува во однос на доларот и еврото од 2020 година, при што трендот значително се зголеми во пролетта 2022 година.

Во ноември потрошувачките цени во Токио се зголемија за 3,6% во однос на минатата година, што се покажа како рекорд од 1982 година. Претходно Toyota најави иден преглед на својата ценовна политика.

Третиот квартал од тековната фискална година стана непрофитабилен поради наглиот пораст на цените на материјалите, продолжениот недостиг на микрочипови и затворањето на производството во многу погони. Излез од кризата раководството гледа во поскапувањето на буџетските модели како Yaris и Corolla.

Во исто време, компанијата побрза да ги увери потрошувачите, велејќи дека зголемувањето на цената ќе биде „ограничено“, а моделите ќе го задржат својот прифатлив имиџ. Американскиот пазар треба да биде првиот што ќе го почувствува поскапувањето

Следете не и на:

24AUTO NETWORK