Од крајот на април побрзо и побезбедно од Скопје до Белград

ОБЈАВЕНО НА:

Добра вест за сите оние кои патуваат во Србија и транзитираат низ оваа земја – спорната делница од автопатот Е-75 која поминува низ Грделичката клисура ќе биде ставена во функција кон крајот на овој месец.

Оваа вест за српските медиуми ја објави потпретседателката на Владата на Република Србија, а воедно и министерка за сообраќај и градежништво, Зорана Михајловиќ. Она додаде дека делницата која е долга 26,3 километри е во завршна фаза.

Таа соопшти дека во моментов финишираат градежните активности на тунелот Манојле, како и на уште неколку делови од автопатот кој минува низ оваа клисура.

Токму овој дел од автопатот беше најспорен поради тешкиот терен и непогодниот состав на земјата. Неколку пати во последните неколку месеци се појавија свлечишта што го одложи пуштањето на автопатот кој во целост требаше да биде завршен минатата година.

Со финиширањето на оваа делница, европската рута Е-75 добива речиси во целост автопатски делници. Овој автопат започнува во норвешкиот град Вардо и минува низ Финска, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Србија, Македонија и завршува во Грција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK