Објавена цената за новата Skoda Scala

ОБЈАВЕНО НА:

Најновиот модел на чешка Skoda, моделот Scala несомнено предизвика голем интерес по светската премиера. Одличниот дизајн и најавите од Skoda за перфектен хечбек се причините поради кои сите со нетрпение го очекуваат почетокот на продажбата.

Сепак неколку месеци пред официјалниот старт на продажбата објавена е почетната цена за основниот модел на Scala.

Како што објавија германските медиуми, Skoda Scala може да биде ваша за само 17,350 евра (во Германија). За оваа цена покрај основното ниво на опрема добивате и мотор со 95 КС. Споредбено со почетната цена на основниот модел на Rapid, Scala е за речиси 1,000 евра поскапа.

Во понудата ќе биде вклучена и изведба со 1.0 литарски TSI мотор со 115 КС кој ќе чини 21,450 евра. Изведбата со 1.5 литарски TSI мотор со 150 КС ќе изнесува 25,000 евра и ова ќе биде најскапата изведба во почетната понуда.

Инаку новата Scala се темели на продолжената MQB A0 платформа, истата онаа платформа на кој ќе се темели и идниот кросовер Vision X, а на која во моментов се темелат Seat Leon, Seat Ibiza, Audi Q2, Audi Q3, VW Polo, VW T-Roc и други модели.

Повеќе за овој модел прочитајте ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK