Новите згради во В.Британија мора да имаат станици за полнење на електрични автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Сите нови станбени, комерцијални и канцелариски згради што ќе бидат изградени во Велика Британија од следната година ќе треба да имаат станици за полнење електрични автомобили.

Ова го објави агенцијата Ројтерс, цитирајќи ја официјалната изјава на кабинетот на премиерот Борис Џонсон, во која се вели дека барањето за изградба на станици за полнење на електрични возила ќе важи за нови станбени згради, канцелариски објекти и големи продавници, како и згради кои треба сериозно да се поправат и реновираат, а ќе имаат повеќе од 10 паркинг места.

Според очекувањата Кабинетот оваа одлука треба да доведе до изградба на до 145.000 нови точки за полнење во В.Британија на годишно ниво и е дел од севкупната стратегија на владата да ја прекине продажбата на нови бензински и дизел автомобили до 2030 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK