Новите теренски модели на Honda ќе се побрутални и со ново лого!

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Honda го регистрираше логото Trailsport за новите екстремни автомобили. Кон крајот на март од Honda поднесле барање до Заводот за патенти и трговски брендови во САД, за регистранција на лого за новиот подбренд Trailsport. Со него ќе излезат на пазарот на новите теренски верзии на постојните модели на брендот. Можеби ќе има и нови уникатни теренски модели.

Honda планира да ги „трансформира“ 4х4 автомобилите, со тоа што ќе им даде уште побрутален теренски имиџ. На тој начин компанијата се надева да ги направи попривлечни во очите на купувачите.

Се претпоставува, дека моделите кои ќе го носат логото на Honda Trailsport ќе се разликуваат од основните модели со прилагодена суспензија, со зголемено растојание од асфалтот, дополнителна заштита на каросеријата, „забести“ гуми и други офроуд елементи со сет на уникатни додатоци.

Еден од најверојатните кандидати за новиот амблем е пикапот Honda Ridgeline. Тој доби нов брутален облик во текот на есента во 2020 година после планираната модернизација. Пикапот на Honda целосно го смени имиџот, станувајќи поблизок до стилот на традиционалните американски пикапи. Во исто време останува технички истиот со исклучок на патеката, проширена за 20мм.

Кросоверите Honda CR-V и Pilot исто така можат да добијат ново лого. Пред неколку години компанијата го претстави бруталниот кросовер Honda Passport – модел, подготвен за тешки услови, развиен со помош на постојните компоненти. Под брендот Trailsport ваквиор кросовер на Honda може да изгледа уште побрутално заканувачки.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK