Nissan Leaf најпродаван електричен автомобил во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Со продадени 40.699 автомобили, Nissan Leaf останува најпродаваниот електричен автомобил во Европа, покажуваат официјалните статистички податоци.

Leaf на оваа позиција се најде далеку пред останатите конкуренти, а покрај тоа што е прогласен за најпродаван во Европа, овој модел со продадени 12.303 автомобили убедливо е и најпродаван автомобил во Норвешка во конкуренција на сите автомобили. Со ова Leaf е првиот електричен автомобил кој е најпродаван автомобил во некоја од европските земји.

Своето големо задоволство не го криеше Кен Рамирез, потпретседател за продажба и маркетинг на Nissan Europe. Тој во изјава за медиумите изјави дека компанијата и понатаму ќе настојува да добие се поголем дел од купувачите во Европа, а исто така ги потенцираше позитивните ефекти врз околината што ги обезбедува Nissan Leaf.

Овој најпродаван модел е дел од втората генерација на Leaf. Првата се појави во 2010 година како прв целосно електричен автомобил на јапонскиот производител. Сепак популарноста овој модел ја доживува со втората генерација претставена кон крајот на 2017 година, а поради зголемената побарувачка Nissan во континуитет го произведува овој модел во своите фабрики во Јапонија, САД и Велика Британија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK