Во Русија новите возила 4 години се ослободени од технички преглед

ОБЈАВЕНО НА:

Во екот на епидемијата од коронавирус Руската државна Дума одобри промени во законот со кои се менуваат роковите за задолжителен технички преглед на автомобилите. Според пишувањето на „Известија“, согласно новите правила, на задолжителен технички преглед секоја година ќе подлежат само возилата постари од 10 години.

Оние што се со старост од 4 до 10 години ќе мора да минат технички преглед на секои две години, а автомобилите што се со старост под 4 години се целосно ослободени. Пред промените секоја година технички преглед беше задолжителен за возилата со старост над 7 години, а ослободени беа оние со старост до 3 години.

На крајот на минатата година, Државната Дума го отфрли нацртот за неодење на техничкиот преглед за автомобилот под одредена возраст. Руските депутати одлучија дека доколку не се изврши контрола врз значителниот број на автомобили, тие ќе имаат занемарлив ефект врз безбедноста.

Кај нас од технички преглед се ослободени само новите возила до 7 годишна старост, со тоа што техничкиот преглед ќе го прават преку една година. Една година минуваат на технички преглед, добиваат потврда и следната не мора да одат, па потоа поворно одат..

Следете не и на:

24AUTO NETWORK