Produktionsstart des neuen EQS SUV in Tuscaloosa, Alabama, USA Start of Production for the new EQS SUV in Tuscaloosa, Alabama, USA

Mercedes дава до 4.000 долари за да купите нивно електрично возило

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes-Benz им дава добра причина на сопствениците на електрични автомобили во Америка да ги разменат своите возила за еден од нивните модели EQ. Компанијата, на сопствениците на други електрични автомобили им дава стимулации од дури 4.000 долари за да купат некои од најновите електрични модели на Mercedes, пишува Cars Direct.

Најголемите попусти се на седанот и теренецот EQS со попуст од 2.500 долари. Новиот седан EQE има попуст од 1.000 долари, додека EQB има „стимуланс“ од 500 долари наверува N1..

Но, тоа не е се. До 1 мај, Mercedes има „EQ Conquest Program“ вредна 1.500 долари за истите тие возила. За да се квалификувате за овој попуст, ќе треба да обезбедите доказ дека поседувате електрично или plug-in хибридно електрично возило. Под соодветни околности, може да добиете дури 4.000 долари потенцијална заштеда ако купите Mercedes во САД.

Во последниве недели во Америка се забележани едни од најголемите промени на цените на електричните возила за краток временски период. Минатиот месец Tesla ги намали цените за 20 отсто на повеќето модели. Причината лежи во новиот Закон за намалување на инфлацијата, кој им дозволува на автомобилските компании да ги заобиколат строгите северноамерикански прописи за електрични возила да бараат даночен кредит од 7.500 долари за автомобилите.

Иако некои брендови како Ford избраа да не го пренесат овој владин поттик на клиентите, други значително ги намалија цените. Прво VW и Audi го направија тоа, а потоа Volvo ги намали месечните цени на закупот за повеќе од 100 долари месечно. Дури и нивниот целосно електричен бренд Polestar само ги намали цените на закупот за повеќе од 150 долари месечно на точно ист начин.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK