Mazda со нов Гинисов рекорд

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот оддел на Mazda објави дека компанијата може да се пофали со нов Гинисов рекорд, реализиран во форма на најголемата парада на автомобилите на Mazda во светот.

Новото рекордно достигнување – 707 претставници на моделот МХ-5, беше регистрирано пред претставниците на Guinness World Records за време на специјален настан одржан на 18 септември на патеката во Модена, Италија.

Новиот рекорд, во кој учествуваа стандардни и модифицирани претставници на четирите генерации на MX-5, претставува значително подобрување во однос на претходниот најдобар постигнат во 2013 година, кој собра 683 возила на Mazda на едно место.

„Постојат автомобили кои опфаќаат децении, се развиваат од генерација на генерација, а во исто време секогаш остануваат верни на себе“, велат од Mazda Europe. „Токму тоа е MX-5, безвременска икона и врвен израз на „Jinba Ittai“ уживање во возењето, и не е изненадувачки, најпродаваниот родстер досега“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK