Бузалковски има нов дизајн на моторите и ја најави одбраната на титулата во БМУ шампионатот (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Македонски шампион во брзински мотоциклизам, Христијан Бузалковски, ја најави новата сезона во БМУ мото шампионатот промовирајќи го дизајнот на моторите што ќе ги вози. Целта е да се одбрани шампионската титула од лани. Тој ќе настапува во класата до 600 кубни сантиметри на БМУ Европскиот шампионат.

Според календарот засега сигурни се шест патеки н акои ќе се вози БМУ шампионатот, и сезоната треба да почне на 8 април на патеката Серес во Грција, и да заврши повторно на Серес на 23 октомври. Покрај на Серес трки ќе се возат и на патеката Навак (Србија) и Гробник (Хрватска).

Тимот ,,71 Team’’ за кој настапува Бузлаковски веќе следната недела тргнува за Серес во Грција, на последните подготовки, и на финалниот тест пред да почне сезоната. Христијан љубовта кон брзинскиот мотоциклизам ја добил уште од мали нозе, од неговиот татко, кој вози повеќе од 30 години, а својот прв вистински мотор го добил на 13 годишна возраст.

Со првата европска титула во БМУ, Бузалковски се закити во 2018 година во категоријата СП125, а зад себе има и титула во Супер Мото Купот од 2014 година, следната 2015 година беше третопласиран во Источно Европскиот шампионат во класата СП125. Во 2019 година вози и на Алпе Адриа и во БМУ шампионатот. Иако има 22 години веќе има и „златна кацига“ за три освоени титули по ред до националниот шампионат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK