Според новиот Закон за безбедност на сообраќајот за овие прекршоци се плаќа казна од 400 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Ако двапати ве фатат пијан ќе се предложи да се одземе возачката дозвола.

Граѓаните се израдуваа на најавата дека ќе бидат намалени казните за сообраќајните прекршоци, но сепак за некои казните ќе останат доста високи. според новиот Закон за безбедност на сообраќајот се уште ќе постојат високи казни, особено за они епрекршоци кои се сметаат за животозагрозувачки.

И нема повеќе да има ни казнени поени во возачките книшки, тие нема да постојат. Воедно, се укинува мандатниот платен налог, што значи полицајците нема да даваат мандатни казни, туку сите платни налози ќе бидат прекршочни.

Според новите предложени глоби за возење под дејство на каква било дрога казната е 400 евра, а во зависност од нивото на алкохол во крвта, казните се движат од 200 до 375 евра.

Максималната казна за брзо возење во населено место е 400 евра, кога брзината е поголема за повеќе 50 километри на час од дозволената. За надминување до 30 километри на час казната ќе биде 45 евра, а од 30 до 50 километри на час, казната ќе биде 300 евра.

Предвидена е казна од 300 евра за возачот кој нема да пропушти друго возило и не ги почитува правилата за првенство на минување.

За неносење појас казните ќе бидат 40 евра за возач, а 50 евра за совозач. Зборувањето на мобилен возачот ќе го чини 40 евра, а некористењето трепкачи 35 евра, додека некористењето светла 15 евра дење, и 35 евра ноќе.