Може да здивнете: Иако ова го немате – нема да има казна!

ОБЈАВЕНО НА:

Најчесто полицијата казнува доколку возилото не е исправно или некој бирократски пропис не е испочитуван. Досега управување нерегистрирано возило значеше и глоба од 500 евра, а исто толку ќе ве казнеше полицијата и ако немавте налепница на предното стакло со кое се докажува дека возилото го минало техничкиот преглед. Епа отсега оваа казна, за налепниците веќе нема да важи.

Налепниците се укинати бидејќи со нив се дуплира обврската за докажување на регистрацијатата, која се потврдува и со печат во сообраќајната дозвола на возилото.

За укинувањето сè уште не се усвоени измените на постојниот Закон за возила. Од МВР објаснуваат дека не ги чекале законските измени поради истрошените резерви налепници, а укинувањето го направиле по одлука на Влада.

„Со измени и дополнувања на Законот за возила, кои се утврдени на владина седница на 16.10.2018, меѓу другото, се укинува обврската за наплата и издавање налепница при регистрирање на возилата. Овие измени на законот се во собраниска процедура, се планира нивно донесување по изборите. Во очекување на овие законски новини, во Министерството за внатрешни работи, во изминатиот период се намалија резервите на налепници за регистрирани возила. Со цел да се избегне селективно постапување кон граѓаните, во услови кога едни станици за технички преглед имаа налепници, а други ги имаа потрошено, се одлучи да се повлечат преостанатите мали резерви на налепници. При дефинирањето на ваквиот став на Министерството за внатрешни работи се имаше предвид дека со печатот при регистрација на возилото се потврдува дека возилото е регистрирано, а налепницата е само надворешно видлив доказ за исполнување на законската обврска и своевидно нејзино дуплирање“, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР за https://a1on.mk/archives/1041338„А1он“.

Налепниците без воведени како законска обврска со почетокот на 2014 година со цел да се намали бројот на нерегистрирани возила во сообраќајот. Од МВР велат дека влијанието на налепницата било незначително.