„Мали прекршоци“ за кои полицијата може да ве казни

ОБЈАВЕНО НА:

Најчестите казни на учесниците во сообраќајот се за возење со недозволена брзина или пак за управување под дејство на алкохол. И тие казни се највисоки. Но, полицијата може да ве казни и за многу други работи кои можеби за вас изгледаат банални, а сепак е предвидено некоја глоба доколку истото го сторите.

Затоа треба да знаете дека некои работи не треба да ги правите во сообраќајот со цел да не добиете казна. Еве некои од примерите за кои е предвидена казна според Законот.

* Звучни и светлосни сигнали за предупредување
Возачот е должен да употреби звучен знак за предупредување кога тоа го бараат причините на безбедност на сообраќајот. Звучниот знак за предупредување не смее да се состои од низа тонови од различен интензитет при што возачот е должен давањето на звучен знак за предупредување да го сведе на неопходна мера.
Глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода.

* Запирање и паркирање
Возачот не смее да го запре или паркира возилото на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите. На јавен пат, на места односно на простор наменет за запирање и паркирање на возила, како и на посебно уредена сообраќајна површина наменета за движење на пешаци и велосипедисти, забрането е да се остават возила кои заради оштетеност односно дотраеност, не се употребуваат во сообраќајот (хаварисани, напуштени возила, камп приколки и слично), како и други предмети со кои се попречува одвивањето на сообраќајот и се загрозува животната средина.
Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно регистрирање на 25 негативни бода)

* Употреба на светла во сообраќајот
Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот. Обврската, не се однесува за возачите на запрежни возила и велосипедистите кога запрежното возило односно велосипедот го управуваат дење, освен во услови на намалена видливост.
Глоба од 15 евра дење, 35 евра ноќе во денарска противвредност односно се регистрираат 15 негативни бода.

* Растојание помеѓу возилата
Возачот е должен да го управува возилото на оддалеченост од другите возила што учествуваат во сообраќајот, која одговара на брзината на движењето на возилото и другите околности на сообраќајот, при што со таа оддалеченост од другите возила не предизвикува опасност и не ги попречува другите возачи.
Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода).

* Посебно детско седиште
Во патнички автомобил на задното седиште, смее да се превезува дете помало од пет години, во поставено посебно детско седиште кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин.
Глоба од од 35 евра во денарска противвредност односно ќе се регистрираат 15 негативни бода.

Пропуштање пешаци на пешачки премин – 200 евра
* Возачот е должен да обрне внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот. Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да управува со возилото и да вози со таква брзина што овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин.

Сигурносен појас – 40 – 50 евра (25 негативни поени)
* Возачот и лицата кои се превезуваат со тоа возило, се должни да бидат врзани со тие појаси на начин утврден од производителот на возилото, за време додека возилото се движи во сообраќајот на пат. Во спротивно предвидена е глоба во износ 40 евра во денарска односно регистрирање на 25 негативни бода. За лицата кои се превезуваат во возилото, а не носат сигурносен појас пресдвидена е глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност.

Користење на мобилен телефон – 45 евра (25 негативни бода)
* Возачот на моторно возило, за време на управувањето со возилото не смее да користи мобилен телефон, ниту други уреди на начин кој би ја намалил можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило. По исклучок, мобилен телефон и други уреди можат да се користат за време на управување со моторно возило, ако притоа се употребува направа која овозможува нивно користење без употреба на раце

Попречување на возачот – 50 евра
* Лицето кое се превезува со возилото не смее да го попречува возачот на начин кој би го намалил неговото внимание и можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK