И Mazda MX-30 со солиден перформанс на “Еленски скок” (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На листата на тестирање на шпанскиот сајт за автомобилизам km77 се најде и првиот, целосно електричен SUV на Mazda, моделот MX-30.

Во сите обиди, маневрите на ова возило беа на одлично ниво. Возачот зад управувачот на овој модел без проблем ги помина пречките при брзина од 74 км/ч.

При наредните обиди ова возило покажуваше одлични перформанси, но допираше некои од препреките. Сепак со напреден степен на регенеративно сопирање и понапреден мод, ова возило покажа повеќе од солиден перформанс и при брзина од 79 км/ч.

Видеото од тестовите можете да го погледнете во продолжение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK