Коронавирусот го исчисти воздухот во Италија

ОБЈАВЕНО НА:

Европската вселенска агенција објави видео од сателитска снимка од Европа во време кога земјите се соочуваат со пандемијата од коронавирусот.

Сателитот Коперникус Сентинел 5П речиси десет дена ја набљудуваше Европа, а она што се приметува е чистиот воздух во Италија.

Италија оваа зим како и минатите мака мачеше со загадениот воздух особено во северниот дел од земјата. Вонредната состојба во Италија воведена поради коронавирусот може да се види како значително го исчисти воздухот во оваа земја.

Слично беше и во Кина во областа каде беше епицентарот на коронавирусот. Воздухот беше чист, барем додека траеше пандемијата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK