Официјално претставена новата Kia Optima

ОБЈАВЕНО НА:

Откако минатиот месец претстави неколку тизер фотографии, Kia и официјално ја претстави новата генерација од моделот K5, попознат кај нас како Optima.

Премиерата на овој модел доаѓа откако Hyundai Motors пред само неколку денови премиерно го претстави моделот Grandeur, чија платформа се користи и кај оваа петта генерација од Optima.

Екстериерно, изгледот е во целост компактибилен со претходно покажаните цртежи, а настојувањата на Kia да создаде луксузен автомобил, барем екстериерно во целост ги има постигнато.

Највоочлив екстериерен дизајнерски детал се предните светла кои имаат невообичаена форма. На предниот дел е и традиционаланта, препознатлива тигреста маска, додека на задниот дел доминираат споените стоп светла.

Должината на овој автомобил изнесува 4.905 мм, широчината 1.860 мм додека меѓуоскиното растојание, споредбено со актуеланта генерација е зголемено и сега изнесува 2.850 мм.

Под хаубата доаѓа со 1,6 литарски турбо бензински мотор, а тука е и помоќниот 2,5 Theta3 мотор со 286 КС и 8 степен менувач. Во понудата доаѓа и со погон на сите четири тркала.

Kia K5

Одличен дизајн има и во внатрешноста каде доминира 12,3 инчниот екран осетлив на допир и 10,25 инчната дигитална инструментална табла.

Продажбата во Јужна Кореа стартува кон средината на следниот месец, додека на глобалниот пазар ќе се појави во првиот квартал следната година. Цената останува непозната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK