Кинескиот Model 3 е со послаб квалитет – паѓаат акциите на Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Последното истражување во кое беа опфатени автомобилите на Tesla, покажа дека дометот на оние кои се произведуваат во Кина, е далеку помал од останатите.

Кинески сајт за автомобилизам најпрво објави статија во која сопственик на Model 3 тврди дека дометот по само 5% потрошена батерија паднал од 420 на 241 км.

Станува збор за модел произведен во Giga фабриката на Tesla во близина на Шангај. При тоа во овој модел е вградена т.н. LFP батерија која не е иста како и кај оние Tesla автомобили произведени во САД.

Оваа вест предизвика пад на акциите на Tesla на берзите кои по речиси цела година пораст го забележаа првото сериозно опаѓање. Некои од аналитичарите сметаат дека овој скандал во Кина може даа предизвика со уште поголем пад на вредноста на акциите, особено доколку американскиот производител не го објасни детално овој случај.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK