Јубилеј: Porsche го произведе Cayenne со број 1.000.000

ОБЈАВЕНО НА:

Ferrari, Lamborghini, Aston Martin и другите луксузни производители на автомобили не може да се пофалат дека од еден модел произвеле 100.000 примероци. Но за тоа тука е Porsche.

Не 100 илјади туку рамно еден милион. Толку примерцои произведе Porsche досега од моделот Cayenne.

Овој јубилеен примерок во црвена боја излезе од фабриката лоцирана во близина на словачката престолнина Братислава, а истиот ќе биде испорачан на купувач во Германија.

Cayenne, Porsche го воведе во 2002 година. Оттогаш па се до денес е во континуитет дел од понудата на германскиот производител, произведувајќи ги трите генерации во Братислава, Лајпциг и Оснабрик.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK