Извештај на германски TUV: Kористени автомобили што најмногу се расипуваат

ОБЈАВЕНО НА:

Анализите направени од страна на Германското здружение за технички прегледи (TUV) сè уште се меѓу најсигурните бидејќи не се потпираат на анкети на клиентите, како и повеќето други, туку на податоци од техничките прегледи направени во текот на годината и направени се околу 4,8 милиони прегледи. На таа основа Германците формираат отчет за резултатите од 2020 година и ги избраа „најлошите“ автомобили на возраст под 10 години.

Сепак, има неколку нешта кои треба да бидат земени предвид. ТUV не ги отчитува сите дефекти, кои се појавиле туку само оние кои се запишани во серисната книшка или се откриени за време на техничкиот преглед. Здружението ги пресметува и средниот број на дефекти, без да прави разлика меѓу прегорен фар и оштетен менувач.

Извештајот ги вклучува само оние модели, кои се во доволна количина во системот на компанијата, што го објаснува недостатокот на брендови како Lеxus или Аlfа Rоmео, кои не се многу популарни во Германија.

Во продолжение можете да ги видите и десетте користени автомобили што најмногу се расипуваат на возраст до десет години според ТUV.

*Првата бројка после моделот го покажува коефициентот на дефектите, а во заградите е обележано врз основа на која просечна километража се отчитани.

10.Fоrd Gаlаxy – 31,7 (186 000 км)

9.Vоlkswаgеn Fоx – 31,8 (105 000 км)

8.Pеugеоt 207 – 31,9 (107 000 км)

7.Rеnаult Twingо – 32,0 (103 000 км)

6.Сitrоеn С4 – 32,7 (120 000 км)

5.Nissаn Qаshqаi – 32,9 (136 000 км)

4.Mаzdа 5 – 33,0 (146 000 км)

3.Hyundаi Tuсsоn – 34,0 (130 000 км)

2.Dасiа Lоgаn – 36,2 (134 000 км)

1.Rеnаult Kаngоо – 37,5 (137 000 км)

Следете не и на:

24AUTO NETWORK