ИНТЕРВЈУ Александар Трајковски: Македонските возачи се совесни – за сопствена безбедност возат со зимски гуми

ОБЈАВЕНО НА:

Во Македонија за првите осум месеци од годинава се продадени 250.000 патнички гуми, а што поголемиот дел се зимски. Законската обврска поседување зимска опрема од 15 ноември, но гумите може да се монтираат и поради за да се избегнат гужви во сервисите. Нашите возачи во 70 отсто бараат само „зимска гума“. Најчесто се продаваат „баџет гуми“ – кои нудат вредност за парите. Менувајте ги гумите заедно со вентилите. Цените на гумите скокнаа 20 отсто последнава година и уште ќе поскапуваат. Дали да возите со зимска гума или од all season гума?

Од 15 ноември стапува на сила законската обврска за поседување на зимска опрема во возилата, а како најдобра опрема секако е поседувањето на зимски гуми. Обврската за поседување зимска опрема во возилата трае до 15 март следната година. Последните години македонските возачи стануваат се повеќе свесни од потребата да имаат монтирано зимски гуми на своите возила. Останува само навиката, тие да се менуваат во последен момент, ден пред задолжителното поседување, или да се чека да падне првиот снег.

Под зимска опрема за моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од четири милиметри (4 мм) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, минимум од четири милиметри (4 мм) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Доколку не се почитуваат правилата за користење и поседување зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, согласно истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите, ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност,

Честа пракса на возачите е да го чекаат последниот момент за замена на летните со зимски гуми. Објаснувањето е дека се уште има сонце, а температурата е над 10-15 степени, па така гумата ќе се потроши побрзо. Но, таквото размислување е мит.

Фото: Пнеуматик

МЕНУВАЊЕ ГУМИ ТРАЕ ОД 15 МИНУТИ ДО 5 ЧАСА И 15 МИНУТИ
„Гумите не се трошат така брзо. Зимската гума се троши кога асфалтот е со многу висока температура, а не воздухот. Ако температурата на воздухот е 10 или 15 степени како сега, а асфалтот е ладен, тоа е исто така добро време за менување на гумите и преминување на зимски. Најдобро е замената да се изврши навреме за да се избегнат мешаниците. Кога нема гужва менување на четири гуми е 15 минути. Кога има гужва менувањето е 5 час и 15 минути. Од тоа 5 часа е чекање и 15 менување гуми, вели Александар Трајковски од Пнеуматик, еден од македонските увозници и продавачи на гуми.

Во Македонија се повеќе се трошат зимски гуми. Законот си го прави своето, но секако и свеста кај возачите е на повисоко ниво. Реалната потреба за зимска гума го прави своето, секој слушал за некој проблем, или самиот бил во ситуација во која ја видел предноста и потребата за зимски гуми.

„Пред 10-15 години првпат почнаа да се појавуваат и користат зимските гуми. Првите беа странски амбасади и странски претставништва. Нив најважна им беше сигурноста на вработените. Сега таа пракса се повеќе се користи од сите, вели Александар Трајковски.

Според последните податоци во првите осум месеци во Македонија во 2021 година се продадени 120.000 летни и 130.000 зимски гуми. Тоа се податоци од европското здружение на производители на автомобилски гуми. Во ова здружение членуваат сите европски производители, плус производителите од Кореја, Јапонија и Виетнам. Само без кинески и руски производители.

„Максимумот во продажбата на гуми беше постигнат пред 3 години. Споредено со 2019 година, сега во Македонија има пораст од 6 отсто, а во однос на лани зголемувањето е дури 19 отсто, вели Трајковски.

МЕНУВАЈТЕ ГУМИ – МЕНУВАЈТЕ ВЕНТИЛИ
Возачите кога менуваат гуми ги менуваат сите четири одеднаш. Тоа е вистинскиот начин на менување. Ставање на зимски гуми само на погонските тркала е погрешен начин. Тоа придонесува за небезбедно возење, особено при сопирање.

„За менување на четири гуми, на пример од димензијата 195/65-Р15 која е една од најчестите би чинело околу 50 евра по гума. Да земеме добра зимска гума, на пример од брендот Sava, koja e бестселер. Од сите зимски гуми што се продаваат 50 отсто се зимските гуми на Sava. За четири гуми околу 200 евра, вели Трајковски.

Но, освен менување на гуми треба да се знае дека задолжително треба да се сменат и вентилите на гумата. Производителот препорачува, на секое менување на гуми, особено кога се менуваа од бандажи или се купуваат нови, задолжително да се смени и вентилот.

„Таков вентил чини 50 денари. Тој е гумен и се става на бандажот. При вртења има сила која влијае на вентилот и може да го оштети. Така гумата може да дише, а намалениот притисок на гумата може да направи две работи. Прво, со намалување на притисокот се зголемува трошењето на гумата. Ако пропишаниот притисок е 2,2 бара и притисокот се намали на 1,9 бара тогаш трошењето на гумата се зголемува за 30 отсто. Ако се минуваат 50.000 км. со гумата, со вака мал притисок ќе се минат 35.000 км. Ако се намали притисокот на 1,5 бара, тогаш трошењето се зголемува за 70 отсто, и би поминал само 15.000 км. Тоа е најчесто поради лошиот вентил. Ако гумите чинат 200 евра, наместо пет години возачот ќе ги вози две години, и загубил 120 евра бидејќи не го сменил вентилот, објаснува Трајковски.

фото: Пнеуматик


ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ТРОШАТ НАЈМНОГУ „БАЏЕТ ГУМИ“
Во Македонија најмногу се трошат „баџет“ гуми, отприлика 70 отсто се такви. Тоа се гуми што на клиентите им нудат добра гума за добра цена. Веќе се појавуваат и квалитетни кинески брендови, кои се во рамки на средната класа кои имаат ТУВ сертификат. Таков е кинескиот бренд Sailun. Го препорачува и АДАК, и е во првите 15 од 100 брендови.

“Околу 70 отсто од клиентите доаѓаат и бараат зимска гума. Оние другите 30 отсто, веќе знаат точно каква гума сакаат, од кој бренд, па дури ја знаат и цената. Но најчесто сите бараат само зимска гума“ вели Трајковски.

Сега повторно ќе бидат полни вулканизерските сервиси. Сите ќе сакаат „сега и што побрзо“ да ги сменат гумите.

„Има клиенти кои „се изгореле“ и сега доаѓаат на време, за 15 минути се завршуваат. Втор тип на клиенти се оние што закажуваат онлајн навреме и си менуваат гуми исто така без нервоза. Трет тип на возачи доаѓаат на 14 ноември, тогаш има гужва, сите можни возачи сакаат да ги сменат гумите на 14 или 15 ноември. Невозможно е да се услужат сите одеднаш. Четврт тип е возач кој доаѓа кога ќе падне снег. Секогаш има такви, ако падне на 30 јануари тогаш менуваат. Дотогаш си возат на летни гуми“, објаснува Трајковски.

Од Пенуматик нудат можност за онлајн закажување за менувањето на гумите. Системот е направен како букинг, покажува кога има слободно место. Можеш да го бираш местото, денот и времето. Сега тоа го имаме само во сервисите во Аеродром. Битола и Илинден.

ГУМИТЕ СЕГА СЕ ПОСКАПИ ЗА 20 ОТСТО
Поскапувањата во автомобилската индустрија во последно време е се поизразено, енергијата е поскапа, и секако тоа се одразува и кај гумите. Ако пред некоја година сте купувале гуми по одредена цена, сега за истите ќе треба да одвоите повеќе пари.

„Зголемувањето е сигурно за 20-тина проценти. Има неколку фактори што влијаат на цената, односно на зголемувањето. Прво е транспорт. Целата суровина за производство е во Азија, во Малезија, Виетнам, таму се произведува природниот каучук. Бродскиот транспорт е многу зголемена и тоа влијае на транспортот до фабриките. Следна работа е зголемените цените на челикот, за правење не челичните жици врз основа на кои се прва гумата. Третиот фактор е вештачкиот каучук, Тој се прави во Русија и таму се зголемени цените. Цената на струјата, односно енергенсите влијае на цената, вели Трајковски.

Има најава дека гумите уште ќе поскапуваат во иднина. Претходно цените на гумите беа фиксни, односно поскапуваа за процентот на инфлацијата, а таа беше минимална.

„Како почна пред 1 година, на секои 2-3 месеци има поскапување од 2-3 отсто и така постојано. Добро е што не е одеднаш, туку е постепено. Но, во однос на лани е поскапо за 20 отсто“, потенцира Трајковски.

ПОДОБРО Е „ЛОША“ ЗИМСКА ГУМА ОТКОЛКУ „ДОБРА“ ALL SEASON ГУМА
Се почесто се нудат т.н. all season гуми (за сите времиња). И постои дилема, дали таквите гуми за сите времиња се подобри или полоши? Дали е добро да се вози со зимски гуми и во лето, па да се продолжи и во зима?

„Дел од луѓето возат и во лето со зимски гуми. Тоа се луѓе кои не минуваат голема километража. Има сега тренд на нудење и користење на all season гуми. Но, тие се наметнато лошо решение. Секоја летна гума, па најлошата летна гума во лето е подобра од најдобрата all season, и најлошата зимска гума во зима е подобра од најдобрата за сите времиња. Дел од клиентите купуваат зимска гума и ја возат и лето. Зимската сезона е поважна. Моја препорака е подобро зимски гуми вози ги цела година, отколку all season, смета Трајковски.

За оние што ги менуваат гумите редовно, зимски со летни, при промената секогаш еден сет гуми (4 гуми) ќе треба некаде да ги складираат додека не дојде време за нивна промена. Ако немате место дома, во Пнеуматик ви нудат можност за „хотел за гуми“.

„Тоа е услуга што дополнително се наплаќа и чини 1.000 денари за 4 гуми. Таму се чуваат гумите и потоа следната сезона се менуваат. Таа опција се повеќе се користи. Секогаш правиме дополнителни сталажи за чување. Моментално имаме околу 28.000 гуми што ги чуваме во нашите хотели. Тоа е околу едно фудбалско игралиште со по четири гуми во висина, вели Трајковски.

КУПУВАЊЕ ГУМИ ВО СТРАНСТВО И ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
Купувањето гуми во странство секогаш е опција за некои возачи, и тоа од различни причини. Но, всушност цените на гумите се речиси исти, па и не вреди да се патува специјално за тоа во некоја соседна земја. Од друга страна, во Македонија услугата за монтирање е драстично поевтина. Таа е околу 10-15 евра за сите гуми, а во странство најмалку 40-50 евра.

„ Цените во МАкедонија се поволни и поевтини. Услугата е евтина, менување и промена е 3-4 евра од гума. Во Германија е тоа многу поскапо. Во Софија на пример е околу 40 евра. Цената на гумата е речиси иста, можно е да има некоја акција, па да биде нешто поевтина. Пазарот на гуми во Македонија е доста развиен, има развиена конкуренција. Сите се бориме за клиент плус, па даваме и дополнителна услуга или подароци. Кај нас сезонава за купени 4 гуми даваме ќебе, од шведски дизајнер што вообичаено не може да се купи.

Во време на онлајн продажба се почесто се нудат у гуми преку интернет.

„Купување гуми на интернет – НЕ. Никогаш не знаеш што ќе добие. Како е чувана таа гума. Дали е во соодветни услови. Дали била изложена на сонце, на влага, на хемикалии.. Таа може да биде истрошена од внатре од таквото чување. Може да пукне брзо после монтирањето, вели Трајковски.

 

Горан Антевски

Компанијата ТДА ТРЕЈД е основана во 1991 година како увозник и дистрибутер на гуми (пневматици) за сите видови на возила во Македонија. За кус период стана лидер на македонскиот пазар на пневматици. Доказ за квалитетната и успешна работа е рангирањето на компанијата во 200-те најуспешни деловни субјекти во Македонија во изминативе 10 години.

Со цел да ги задоволи специфичните потреби на сите свои клиенти, во 2003 година, компанијата ТДА ТРЕЈД ја подели палетата на услуги на две различни компании. Така, малопродажбата беше ребрендирана под името ПНЕУМАТИК, додека ТДА ТРЕЈД остана одговорна за големопродажба на гуми во Македонија.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK