Новoто XC40 ќе биде првиот Volvo со трицилиндричен мотор

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volvo направи чекор напред и го претстави првиот 3-цилиндричен мотор во историјата. Се работи за 1,5 литарски бензинец, кој ќе се најде во новиот мал џип XC40. Засега не се јасни точните перформански во однос на потрошувачката на гориво и на моќноста, но познато е дека моторо ќе се користи во иднина за хибриден систем. Покрај тоа потврдена е и чисто електрична верзија на моделот.

Новиот 1,5 литарски мотор е разработен на база на модулните агрегати со четири цилиндри, кои ги користи оваа компанија на возила. Во иднина е можна и употреба на две турбини на новите верзии.

Покрај тоа XC40 добива и нов дизел мотор со 150 коњски сили, како и помоќен мотор на бензин со 190 коњски сили. Опсегот на нивоата на опремата исто така се шири.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK