Француска експанзија – Peugeot Made in Pakistan

ОБЈАВЕНО НА:

Peugeot влегува на уште еден пазар откако во последните денови официјално склучи договор со пакистанската компанија Lucky Motor Corporation. Договорот вклучува отворање на осум нови канцеларии во шест различни градови во земјата, како и локално производство на кросоверот 2008.

Таму ќе се произведува моделот на мотор со внатрешно согорување, кој ќе се продава во Пакистан, а во иднина се очекува да се појави и електричната верзија на моделот, која најверојатно ќе биде и локално производство. Во блиска иднина пакистанските клиенти ќе можат да ги искористат предностите на поголемите 3008 и 5008, ветуваат од Peugeot.

Францускиот кросовер ќе биде достапен со 1,2-литарски трицилиндричен бензинец со 131 коњски сили. Ова ќе биде единствената опција за традиционалниот погон, бидејќи 1,5-литарскиот дизел мотор нема да биде опција за клиентите во Пакистан. Електричната верзија најверојатно ќе се потпира на батерија од 50 kWh со електричен мотор со 134 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK