Шокантно: Воланот на автомобилите е повалкан од ВЦ шолја!

ОБЈАВЕНО НА:

Возачите малку се грижат за чистотата на своите автомобили, барем така вели студијата на американскиот Националниот центар за биотехнолошки информации во САД. Според студијата, воланот е еден од највалканите делови во живото на луѓето со што истите се среќаваат секојдневно. A ако делови од внатрешноста се валкани тогаш и шансите да се доби енекоја инфекција или бактерија се големи.

Пробите покажале дека некои делови од внатрешноста на возилото може да содржат повеќе бактерии на квадратен сантиметар (CFUs) отколку јавните тоалети. Највалкан дел е воланот со 629 CFU.

За споредба, просечната концентрација на единиците за формирање на нечистотии на екраните на паметните телефони е околу 100. Концентрацијата на CFU на копчињата во лифтовите е 313, а седалките на ВЦ шолјите во јавните тоалети е 172.

Меѓу најчестите бактерии на воланот се Стафилокока, кој предизвикува труење со храна и инфекции на кожата и стафилококи отпорни на метицилин. Исто така се јавува и пропионбактерија – честа причина за воспаление и инфекции.

Сепак, тие се само мал дел од речиси 700 видови на бактерии кои живеат во внатрешноста на автомобилот. Најчеста причина за нивниот развој, како што може лесно да се претпостави, е јадењето во автомобилот.

Значи повеќе хигиена не е на одмет.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK