Ford се откажува од автономните автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Ford ја повлекува апликацијата за тестирање на автономни автомобили во САД откако беше поднесена во јули 2021 година. Не може да се каже дека веста е неочекувана, бидејќи во 2022 година компанијата се откажа и од Argo AI, компанија создадена заедно со Volkswagen, која се занимаваше со развој на автономни автомобили и технологии за нив.

Компанијата не ги напушта целосно овие технологии, но нема целосно да се фокусира на автономијата на Ниво 4, туку на Ниво 3, кое се очекува почесто да се користи во приватни автомобили.

Додека Нивото 3 бара контрола на возачот во одредени ситуации и услови, Нивото 4 обезбедува целосно автономни услуги што беа предвидени за употреба во индустријата за испорака и платформите за споделување возење.

Сепак, на пазарот остануваат и други компании кои развиваат слични технологии, вклучувајќи го и Mercedes-Benz, кој моментално е во најнапредната фаза на развој, како и Tesla, чиј Autopilot е на пазарот екстремно долго време, но е сè уште е во бета верзија и има добиено само ниво 2 на автономија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK