Електричната Hyundai Kona продадена во повеќе од 100.000 примероци

ОБЈАВЕНО НА:

Електричниот модел Hyundai Kona по нешто повеќе од две години ја помина бројката од продадени 100 илјади примероци ширум светот.

На крајот на минатиот месец бројките на Hyundai покажаа дека Kona Electric е продаден во 103.719 примероци од кои една четвртина на домашниот, јужнокорејски пазар.

Не само одлична продажба, овој модел изминатите нешто повеќе од две години освои и бројни награди. Тука може да се вбројат TopGear Electric Awards во класата на Best Small Family Car, како и U.S. News & World Report награда за најдобро електрично возило.

Сето ова дава одличен ветар во грб на јужнокорејскиот производител кој во наредните пет години ќе ја имплементира новата стратегија за доминација во сегментот на електрични возила во САД и Европа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK