Fiat Centoventi прогласен за најдобар концептен автомобил за 2019 година

ОБЈАВЕНО НА:

Концепт моделот Centoventi на Fiat е добитник на најдобрата наградата “Концепт на годината” за 2019 година. Оваа награда ја додели CarDesingNews (CDN) чие жири составено од 18 директори на стилските центри на познатите производители на автомобили го одбраа овој концепт на мал автомобил за најдобар.

“Освојувањето на оваа награда ме прави многу горд, а жирито од таков голем меѓународен калибар ја истакна важноста на дизајнот во проектот Centoventi. Ова е визијата на брендот Fiat за иднината на електричната мобилност” изјави Оливије Франсоа, глобален директор на брендот Fiat.

Ова не е прва награда за овој концепт. Во септември минатата година, Centoventi ја доби и наградата “Red Dot 2019” која важи за една од најпрестижните дизајнерски награди во светот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK