FCA се задолжува за 6,8 милијарди долари

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat Chrysler Automobiles потврди дека се во преговори за добивање на заем од 6,3 милијарди евра како би обезбедил ликвидност во наредниот период. Во соопштението се наведува дека претставници на компанијата се во преговори со банката Intesa Sanpaolo за обезбедување на овие средства.

Станува збор всушност за финансиски средства кои се обезбедени од Владата на Италија, а се пласирани преку комерцијалните банки.

Веднаш по објавување на соопштението се појавија и бројни реакции кои ја осудуваат помошта што државата ја доделува на FCA. На ова одговори премиерот Џузепе Конте кој кажа дека FCA може да аплицира и покрај тоа што правното седиште на компанијата се наоѓа во Холандија, бидејќи, вработува илјадници лица ширум Италија.

Бројни политички противници на Конте побараа од него да наложи компанијата да го врати седиштето во Торино со цел да ги плаќа и даноците на Италија, а не на Холандија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK