Елон Маск ја заменува Калифорнија со Тексас

ОБЈАВЕНО НА:

Илон Маск, главниот извршен директор на Tesla соопшти дека планира да ја напушти Калифорнија и да ја пресели компанијата во Тексас. Првите информации околу овој план, Маск ги објави во екот на пандемијата кога не му беше дозволена работа на фабриката како дел од рестриктивните мерки на локалните власти.

Сепак и покрај тоа, фабриката на Tesla работеше со што доби и пријава од надлежните. Сега, во интервју за Вол Стрит Џорнал, тој ги потврди овие намери.

Маск во интервјуто потенцираше дека главната причина е лошиот третман што Калифорнија гледа на инвеститорите и дека на нив гледа само како иноватори. Но, зад планот, некои од американските меидуми, наведуваат дека се кријат подобрите даночни услов во оваа сојузна држава.

Засега не е познато во кој град во Тексас ќе се пресели Tesla, а ниту кога ќе се случи преселбата. Во потесниот круг се наоѓаат Хјустон, Сан Антонио, Далас, Арлингтон и Ел Пасо.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK