Дедо од 104 години отиде да си купи автомобил, го доби на подарок

ОБЈАВЕНО НА:

Дилерскиот центар на Сhеvrоlеt во Њујорк на 104 годишен дедо му подари нов автомобил откако тој се појави во салонот за да си купи возило. Клинт Џонсон посакал да купи Sonic, но штом вработените го видели, директорите одлучиле да му го дадат автомобилот бесплатно.

Деталите за воената служба на Џонсон не се познати, но безбол капчето со логото од 20.воздушна дивизија на армијата на САД покажува дека бил дел од Втората светска војна.

„Клине е 104 годишен ветаран. Сакаше да си купи ново Сhеvy Sоniс oд 2020 година, но си помисливме дека штом веќе се жртвувал толку многу за нас треба да му го дадеме без пари. Благодариме за службата, Клинт, никогаш нема да можеме да ти се оддолжиме“, напишале на Фејсбук профилот од Jое Bаsil Сhеvrоlеt.

„Тоа е најубавото што го видов и слушнав во последната година. Од сето кшто е случува низ светот во моментов престанав да верувам во човештвото. Сепак, оваа случка покажува дека има надеж“, вели Џонсон.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK