Tesla ќе гради уште една фабрика во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот технолошки гигант го подготвува планот за изградба на уште една фабрика на европско тло, поточно во Германија.

Иако изградбата на постоечката фабрика се соочува со бројни пречки и предизвици, сепак Tesla планира уште една фабрика во Берлин, но не за автомобили.

Станува збор за фабрика за производство на батериски ќелии наменети за Tesla автомобилите кои ќе се произведуваат во Германија. Овие батерии имаат иновативна компонента и поради тоа ќе имаат за шест пати поголема моќност, ќе заземаат и помал простор, а ќе трошат и помала енерија.

Благодарение на тоа, циклусот на полнење на батериите ќе биде продолжен за 16%.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK