BMW iNext премиерно на 11 ноември

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител BMW и официјално ја закажа премиерата на моделот iNext за на 11 ноември во рамките на специјално организираниот настан NextGen.

Станува збор за премиерата на продукциската верзија која произлегува од концептот Vision iNEXT кој беше претставен на саемот за автомобили во Париз во 2018 година.

Многу информации за овој целосно електрични кросовер не се познати. BMW се фалат дека ќе располага со најнапредната опрема, ќе располага со погон на сите четири тркала, а автономијата се очекува да изнесува околу 600 км според WLTP стандардите.

BMW iNext

Според информациите кои беа брифирани уште минатата година, во внатрешноста ќе доминира голем екран осетливна допир во во заоблена форма.

Цената како и точниот датум на влегување во производство не се познати, а единствено се знае дека производството ќе се спроведува во фабриката на BMW Group во Динголфинг, Германија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK