Електрифицираните возила со пораст во Европа во јуни

ОБЈАВЕНО НА:

Според порадоците на JATO Dynamics за јуни, и покрај падот на побарувачката со соодветени 32 и 31 процент на нови бензински и дизел автомобили, електрифицираните возила бележат нов месец со пораст. Резултатот достигнал до ниво од 183.300 продадени примероци спроти 111.300 возила за истиот период во минаата година, што претставува зголемување од 65%.

Од JATO Dynamics велат дека пазарниот дел на електромобилите се зголемил до ниво од 16,2 проценти што претставува повеќе од пола од реализираните возила во јуни од новите дизел автомобили (28%). За јуни 2019 година пазарот меѓу бензинците, дизелите и електрифицираните возила бил во сооднос 60/31/7 проценти.

Покрај ова од JATO Dynamics отчитуваат и пораст во пазарниот дел и кај СУВ автомобилите што и покрај падот на вкупната побарувачка од 18 проценти до над 450.000 примероци, се отчитува пазарен дел од 40%.

Најпродаваното СУВ во јуни во Европа е новата генерација на Renault Captur (22.287), а во Топ 3 исто така се наоѓаат и Dacia Duster (17.400) и Peugeot 2008 (17.092).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK