BMW и Mercedes заедно ќе развиваат автономни автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата BMW и концернот Daimler, кој ги произведува возилата Mercedes, потпишаа согласност за соработка во рамки на која партнерите ќе имаат заеднички развој на автомобили со системи за автоматско управување.

Обединувањето на силите ќе дозволи да се забрза процесот за развој на технологии, како и да се заштедат средства. И покрај тоа висината на инвестициите на овој проект ќе биде околу една милијарда евра.

BMW и Mercedes ќе се концентрираат на автомобили со системи кои одговараат за автопилот од четврта генерација. Тоа значи дека електрониката ќе може целосно да го контролира автомобилот на патиштата со предвидување на сообраќајните правци. На пример на автопат, како и самостојно да управува при паркирањето.

Притоа возачот ќе може во секој момент да ја преземе контролата на управувањето. Во моментов се работи на беспилотниците во соработка со компаниите Delphi и Mobileye (сопственост на Intel), како и стартапот Nauto. Daimler ќе соработува на оваа тема со Bosch.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK