BMW и Daimler здружени ќе бидат конкуренција на Uber

ОБЈАВЕНО НА:

Германските автомобилски компании Daimler и BMW најавија вложување од преку 1 милијарда долари во мешаната компанија за транспортни услуги, кој ќе биде директен ривал на Uber.

„Нашите услуги за мобилност развија силна база на клиенти и сега го преземаме следниот стратешки чекор“, вели директорот на Daimler, Дитер Зече.

Овој потфат е еден од примерите како производителите формираат парнертство за да ги поделат трошоците за развој на технологијата, вклучувајќи и автономни системи за возење и платформа за електрични возила.

Двете компании во март минатата година првпат ја објавија својата намера за здружување на силите, но планот бараше регулаторно одобрување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK