И официјално Mercedes GLB

ОБЈАВЕНО НА:

Мистериозноста поврзана со GLB повеќе ја нема – Mercedes и официјално го претстави новиот модел GLB.

По премирата на концептната изведба на саемот во Шангај во април годинава како и по бројните тизери и рендери, германскиот производител ги разреши сите дилеми поврзани со долгонајавуваниот модел GLB.

Овој модел кој треба да биде главниот адут на Mercedes на кинескиот пазар се темели на MFA2 платформата која меѓудругото ја користи и моделот GLA.

Mercedes GLB

Кога сме кај димензиите, должината на GLB изнесува 4.634 мм, ширината 1.834 мм, висината 1.658 мм додека пак меѓуоскиното растојание изнесува 2.829 мм. Во зависност од изведбата, капацитетот на багажниот простор варира од 560 до 1.755 литри.

Несомнено е дека дизајнерите на Mercedes во екстериерот се водени од добро познатиот дизајнерски јазик кој е применет и кај останатите модели претставени овие две години. Редефиницијата во внатрешноста овозможена од димензиите придонесува за значително поголема комфорност и пространост, особено на задната клупа.

Тука секако е препознатливиот MBUX (Mercedes-Benz User Experience) инфотејнмент систем, а во внатрешноста доминира големиот екран осетлив на допир преку кои е овозможено контрола на сите можности на автомобилот. За опремата, онаа која овозможува безбедност и асистенција на возачот и нема што да се каже, се е на врвно и напредно ниво.

Mercedes GLB

Во понудата доаѓа со широка палета на бензински и дизелски мотор. Најслабиот бензински мотор е со 1.332 кубика и 163 КС додека најмоќниот е 2.0 литарскиот бензински мотор со 224 КС кој пак доаѓа со осум степен автоматски менувач и погон на сите четири тркала. Тука се и 2.0 литарските дизелски мотори со 150 односно 190 КС.

Цените сеуште не се познати, а продажбата во Европа ќе стартува кон крајот на годинава.