BMW го одбележа крајот на производството на i8

ОБЈАВЕНО НА:

По шест години активно производство BMW и официјално го згасна производството на моделот i8 на почетокот на овој месец. Сега и официјално се збогуваше од овој модел и тоа со 18 примероци од овој модел.

BMW го одбележа моментот со поставка од 18 примероци во различна каросериска боја. Станува збор за нијанси на бои кои никогаш германскиот производител не ги користел при производството на овој модел.

Оваа серија од 18 примероци е понудена за продажба, а најголем дел од овие примероци се веќе купени од страна на членови на BMW i8 меѓународниот клуб.

Инаку производството на овој модел започна во 2014 година во Лајпциг откако претходно, во 2011, 2012 и 2013 година беа претставени три концепти како предвесници на овој електричен автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK