CLIO CUP: Марко Блажевски со две успешни трки на Ред Бул ринг

ОБЈАВЕНО НА:

Марко Блажевски кој сезонава се префрли да вози во посилнат аконкуренција на Clio Cup во ESET CUP викендов имаше две трки во Австрија, со две успешни завршници. Иако не освои бодови како што тоа го направи на дебито во Унгарија, овојпат Блажевски покажа дека е возач кој е стабилен, и само детали го делат од првиот дел од караванот.

На првата трка тој заврши како 12, а на вторатат беше 14 во конкуренција на 25 возачи. Иако во првиот дел од трката беше на 8 па и на 9 место, во последните десет минути од трката попушти, и им дозволи на ривалите зад него да го престигнат. Без разлика на се, ова е големо искуство за Блажевски кој претходните три сезони возеше Twingo Cup, сега реши да оди чекор понапред.

Во квалификациите Блажевски беше дури 16. од вкупно 26 возачи, па со добра старт успеа да се искачи неколку места повисоко на колоната.
На двете трки победничкиот пиедестал беше ист: победник беше Мартин Кадлечик пред Давид Дживок и Томаж Пекар.

Конкуренцијата во Clio Cup во ESET CUP е многу посилна и има возачи о дповеќе земји. Решава искуството, но и подоброто познавање на возиалото и неговите можности. Блажевски сезонава првпат ќе вози целосна сезона, а лани имаше само тренинзи со ова возило.

Тој е втор возач што се трка со Clio, откако лани возеше и Давид Малинковски, но немаше некои забележителни резултати. Сега Блажевски очекува да биде на следните трки многу поконкурентен.

Во генерален пламан по четири извозени трки води Томаж пекар со 86 бода, пред Давид Дживок со 84, а Бартек Мирецки има 75 бода. Марко Блажевски е на 13 место со 3 бода.

Следната трка се вози во Словачка на 8 и 9 јуни.

 

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK