Auto Bild со најава на Fiat 500e (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

FCA пред само некој месец најави дека со моделот 500е ќе ја започне електрификацијата на својата понуда. При тоа не објави дополнителни технички информации, но не прикажа ниту пак визуелни рендери.

Затоа тоа го направи германскиот магазин AutoBild кој на својата интернет страна објави кратко видео со можниот изглед на овој автомобил.

Појдовна точка за креиррањето на рендерот е камуфлираниот 500e кој повеќе месеци се тестира на повеќе локации во Европа и Северна Америка.

Инаку Fiat 500e ќе се темели на подновената платформа, а ќе се произведува во Италија. FCA веќе потврди дека првите претпроизводни модели ќе бидат направени подоцна годинава и варијантите подготвени за возење ќе следат во вториот квартал од 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK