Volvo со пораст од 17,6 отсто – најпродавно возило е XC60

ОБЈАВЕНО НА:

Во првите девет месеци Volvo продале возила online за 360 пати повеќе во однос на ланскиот период

Volvo Cars објави дека продажбата на компанијата во првите девет месеци од 2021 година достигнала ниво од 530.649 единици, што претставува раст од 17,6% во споредба со истиот период во во однос на лани.

Позитивниот резултат на Volvo Cars за првите три квартали од 2021 година е факт и покрај целокупниот пад во работењето на компанијата од 31,3% во септември (во однос на лани), кога продажбата на брендот достигна ниво од 46.452 единици.

Најпродаван нов автомобил на Volvo Cars за првите девет месеци од годината беше XC60 со 162.596 единици (131.091 за истиот период минатата година), следен од XC40 со 156.920 единици (121.905). На третото место е XC90 со 80.402 продажби.

По завршувањето на првите 9 месеци од 2021 година, Volvo Cars може да се пофали со подобрени деловни позиции на сите главни пазари на кои е присутна:
– Европа (+ 10% до 220.371 продажба)
– Кина (+ 17.1% до 132.610)
– САД (+ 29.6 % до 95.365),
а резултатот од останатите е 82.303 продадени автомобили или 28.8% повеќе во споредба со истиот период во 2020 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK