Познат календарот за следната сезона во Формула 1

ОБЈАВЕНО НА:

FIA го објави календарот на трки за најпопуларниот авто-мото шампионат, Формула 1.

Следната сезона ќе е возат вкупно 22 трки, а сезоната започнува на 15 март со трката за големата награда на Австралија, а завршува на 29 ноември кога се вози трката за големата награда во Абу Даби (ОАЕ).

Новост во календарот за следната сезона е дебитирањето на трката за големата награда на Виетнам која се вози во Ханој. Тука е и враќањето на холандското гранд при кое дел од Формула 1 шампионатот последен пат беше во 1985 година.

Останатите трки следната година ќе се возат уште во: Бахреин, Кина, Шпанија, Монако, Азербејџан, Франција, Канада, Австрија, Велика Британија, Унгарија, Италија, Белгија, Индонезија, Русија, Јапонија, Мексико, САД и Бразил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK